Официјално: Пашалиќ е “Росонеро“


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


“BENVENUTO MARIO”, стои на официјалниот сајт на Милан.

Пишувавме дека талентираниот хрватски фудбалер стигна во Милано на лекарски прегледи, успешно ги помина и во наредната сезона ќе игра за Росонерите како позајмен играч од Челси.

Опција за откуп не е предвидена, но тоа не го спречува италијанскиот клуб да испрати понуда на Стенфорд Бриџ ако сакаат да го задржат во својот табор.

21-годишниот играч за врска е дете на сплитски Хајдук, Сините од западен Лондон го купија за 3 милиони фунти пред две години, а Милан ќе биде трета дестинација на која ќе се кали после Елче и Монако.

Марио Пашалиќ ги помина сите возрасни селекции на хрватската репрезентација, за сениорската дебитираше во 2014 година и досега запиша два настапи.