Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дефанзивецот Марио Руи (25) е ново засилување на Рома за наредната сезона, потврдено е на клупската страница.
Португалскиот интернационалец после две сезони поминати во Емполи се одлучи да направи исчекор во кариерата и да се придружи на Рома, а за едногодишна позајмица римскиот клуб ќе издвои сума од три милиони евра.
„Дојдов во еден од најголемите клубови на светот и се чувстувам одлично. Се надевам дека со своите игри ќе придонесам за остварување на клупските цели“, изјави Руи после што потпиша договор.
Со своето доаѓање Руи ќе ја засили конкуренцијата на левата страна, а во теков на својата досегашна кариера уште играше за Парма, Специја, Губио, Бенфика и Валенсија Местаља. Ги помина сите млади селекции на Португалија.