Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Мидлзборо ја официјализира соработката со поранешниот играч на Манчестер Јунајтед.
Виктор Валдес е нов член на Мидлзборо!
Шпанскиот чувар на мрежата е без клуб откако, по истекот на договорот, на први јули ги напушти редовите на Манчестер Јунајтед.
Валдес од заминувањето од Барселона ретко имаша шанса да брани, прво во Манчестер Јунајтед прво беше резерва, а по доаѓањето на Серхио Ромеро падна и во трет план кај Лун Ван Гал.
И Мурињо се изјасни дека не смета на Шпанецот, и со него не го продолжи договорот, и Валдес сега најде „засолниште“ во екипата која во минатата сезона избои враќање во највисокиот ранг.
Аитор Каранка сега на располагање има четири чувари на мрежата, Конор Рипли, Димитриос Константопулос , Томас Мехијас и Валде, и не би чудело ако некогашниот репрезентативец на Шпанија биде прв избор на Риверсајд.
CONFIRMED | @1victorvaldes is officially a #Boro man – https://t.co/6QnQ2GzhGR #UTB pic.twitter.com/hWLPRCJ1Hw
— Middlesbrough FC (@Boro) July 7, 2016