Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Валенсија во новата сезона ќе влезе посилна со Мартин Монтоја, 25-годишниот десен бек кој стигна од Барселона и тоа како слободен играч.
Овој фудбалер со Барселона имаше важечки договор на уште две години, но спогодбено го раскинаа и не му требаше многу време да пронајде нов клуб.
Монтоја со Валенсија потпиша четиригодишен договор и веќе официјално е претставен на Местаља. Со оглед дека стигнува како слободен играч, Валенсија целосно бесплатно доби вредно засилување.