Окампос за безобразниот навивач: Се воздржав поради моите ќерки (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лукас Окампос доживеа непријатен момент за време на мечот меѓу Севилја и Рајо Валјекано кога еден навивач му заби прст во задникот.

Фудбалерот на Севилја се сврте кон навивачот и му кажа нешто, а по натпреварот даде изјава за инцидентот.

„Сите видоа што се случи. Се надевам дека Ла Лига ќе реагира и нема да се повтори такво нешто. Доколку беше испад во женски фудбал, сите знаеме што ќе се случеше. Се воздржав бидејќи имам две ќерки и само се надевам дека тоа нема да им се случи нив во иднина“, кажа Окампос.

Севилја славеше на натпреварот со 2-1 против Рајо Валјекано, а двата погодоци беа дело на Лукас Окампос.