Окоро со неверојатна тројка го израдува Кливленд (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кливленд кавалирс славеше против Бруклин нетс со 116-114 во големото дерби на Истокот, откако Окорo постигна тројка на една секунда пред крајот на мечот.

Бруклин имаше осум поени предност на две минути до крајот, но Кливленд режираше голем пресврт, а во најважните моменти најдобар беше Окорo.

Мичел го донесе својот тим на еден поен негатива на 11 секунди до крајот, по што промаши слободно фрлање, а Леверт ја собра топката и му ја додаде на Окорo, кој постигна неверојатна тројка.