Онана ја заврши репрезентативната кариера: Секоја приказна има свој крај… (Фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Голманот на Интер, Андре Онана повеќе нема да игра за Камерун, откако имаше караница со селекторот по што реши да се повлече од репрезентацијата.

Онана на Мундијалот во Катар бранеше само на првиот дуел од групната фаза против Швајцарија, а потоа беше исфрлен од тимот за дуелот со Србија поради недисциплина.

„Играчи доаѓаат и заминуваат, но Камерун останува вечен, како и мојата љубов кон него. Секоја приказна има свој крај, па така и мојата со камерунската репрезентација“, кажа 26-годишниот Онана.