Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ова ова лето, дури 36 имиња се поврзуваа со нападот на Барселона, а на листата останаа само уште само четворица.
Лусијано Вието и Кевин Гамеиро беа први желби на Луис Енрике, меѓутоа тие ги заменија дресовите на Атлетико Мадрид и Севиља. Габриел Жесус и Нолито потпишаа за Манчестер Сити, па Барса и тука „извиси“.
Сега на листата останаа само уште – Марио Гомез, Лукас Перез, Џонатан Соријано и Габриел Барбоса „Габигол“.
Со исклучок на „Габигол“, чија вредност е преку 25 милиони евра, преостанатите играчи нема да ја чинат Барса повеќе од 10 милиони евра.
Марио Гомез се враќа во Фиорентина после блескавата сезона во дресот на Бешикташ и на масата има понуди од Барселона и Борусија Дортмунд. Германецот има 31 година, вистинска „десетка“, но му недостасува брзина на која инсистира Луис Енрике.
Лукас Перез цело лето чека повик од Барселона и во неколку наврати отворено се нафрлуваше на Каталонците.
Иако има 27 години, дури во минатата сезона експлоадираше и го проби своето име во петте најдобри лиги.
Беше прв стрелец на Депортиво Ла Коруња со 17 голови и нема ништо против за од клупата да ја чека својата мала минутажа на Ноу Камп.
Џонатан Соријано е добро познато лице во Барселона. Беше долгогодишен капитен на Барселона Б и некако Каталонците му останаа должни за шанса во првиот тим.
Тој има 30 години, а во Барса Б играше од 2009 до 2012 година и на 84 натпревари постигна 59 голови.
Во 2012 година се одлучи да премине во Ред Бул Санзбург и таму продолжи да ги решети мрежите, постигна 160 голови на 179 натпревари.
Габриел Барбоса Габигол е најдалеку од Барселона, поради тоа што Интер и Јувентус се спремни да му понудат подобри услови. Има само 19 години, сака во Европа, поради тоа што е првотимец на Сантос веќе четири години, одигра 152 натпревари и постигна 56 голови.
Кој е најдобро решение за планот Б на Барселона?