Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Холанѓанецот се сели во Португалија?
Арјен Робен после десет години ќе ги напушти редовите на Баерн.
На искусниот 35 годишен напаѓач не му е продолжен договорот и од ова лето тој е слободен играч.
И покрај тоа што е во постарите играчки години, многу тимови со задоволство би го виделе во своите редови, а меѓу нив е и португалскиот првак Бенфика.
Робен доби многу примамлива понуда од Бенфика. Наводно, таа е многу примамлива и на крајот Холанѓанецот кариерата би можело да ја продолжи во овој тим.
Понудата од португалскиот првак е атрактивна. Робен би имал шанса да продолжи да игра на високо ниво, Лигата на Шампионите сеуште е голем предизвик и ќе видеме дали на крајот ќе се одлучи на овој трансфер.
Наводно, постојат уште неколку клубови кои го посакуваат. Ајакс е еден од нив, но амстердамскиот тим сеуште нема испратено официјална понуда, а се споменува и заминување во САД.