Откако си замина Роналдо – „исчезна“ и Меси во „Ел Класико“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид славеше на гостувањето кај Барселона со 3-1 во првото „Ел Класико“ за сезонава во шпанската Ла Лига.

По мечот најмногу се зборуваше за пеналот на Серхио Рамос, кој предизвика контроверзи, а тука е уште еден податок кој ќе ги разочара Каталонците.

Лионел Меси во минатото редовно погодуваше или асистираше против Реал Мадрид. Тој со 26 гола е најдобриот стрелец во најголемите шпански дербија, а подели и 14 асистенции. Но веќе шест натпревари Меси е без гол или асистанција против Реал.

И случајно или не, „постот“ на Меси почнува кога неговиот најголем ривал Кристијано Роналдо си заминува од Реал Мадрид.

Последен пат кога Меси постигна гол беше во последното „класико“ од кое дел беше и Роналдо. Од 2005 до 2018 Меси постигна 26 гола, по што почна „постот“.