Откриена голема тајна: Марадона месечно трошел по 10 милиони долари…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неверојатна приказна пристигна од Аргентина, односно од новинарот Хорхе Реал кој откри дека поранешниот аргентински фудбалер имал месечни трошоци од 10 милиони долари.

Меѓутоа, тие пари Марадона не ги трошел на жени, алкохол, дрога, туку издржувал повеќе од 50 семејства – работници, пријатели, поранешни жени, фамилии…

„Да, Марадона трошеше месечно по 10 милиони долари… Не делува многу кога зборуваме за Марадона, но знаете ли колку голема бројка е тоа? Секој месец од неговата сметка беа плаќани овие пари за да прехрани 50 семејства“, открива Хорхе.

Аргентинскиот новинар се прашува што ќе биде сега со овие луѓе.

„Кој ќе го плаќа тоа? Кој ќе дава месечно по 10 милиони долари? Некој мора…“, вели новинарот.