Откриено: Кој е човекот кој го откупи Милан

Од Кина ни стигна официјална потврда за купување на седумкратниот шампион на Европа Милан од страна на кинеските бизнисмени.

Таа вест денеска ја потвреди кинеската државна телевизија CCTV, а по повод тоа нашиот портал ви открива кој е човекот кој го откупи Милан.

Се работи за шестиот најбогат човек во Кина, сопственик на многу веб-страници кои се водат во Азија. Неговото име е Робин Ли, а повќе пати се споменуваше во медиумите како можен купувач на Милан од Силвио Берлускони.

Тој е сопственик на конзорциумот кој го откупи Милан, а богатството според Форбс му се проценува на нешто повеќе од 14 милијарди долари. Ли е основач на азискиот интернет пребарувач  Баида, кој претставува еквивалент на Гугл во остатокот на светот.

Истотака, отсекогаш се интересираше за фудбалските клубови, па така е сопственик на три фудбалски клубови во Кина.

Вложува многу пари во спорт, а наведе дека огромни пари ќе вложи за опоравување на Милан кој веќе пет години не знае за трофеј во Италија и Европа. Позната е и сумата за која ќе го откупи Милан, а таа е 390 милиони долари, а ќе му припаднат 70 % од акциите на клубот.