Откриено кој „наредил“ Погба да остане во Манчестер јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските медиуми објавија неверојатна приказна утринава, а според нивните информации Пол Погба морал да остане во Манчестер јунајтед, по преговорите со Адидас.

Французинот има десетгодишен договор со Адидас, а таа компанија наводно делувала како „наредник“ во ситуацијата кога Погба посакал да го напушти клубот.

Тие го убедиле да остане барем уште една сезона, а причината е јасна. Иако и Реал Мадрид има договор со Адидас, сепак Манчестер јунајтед добил предност во случајов.

Секако, постои шанса и тоа да е само шпекулација, но мора да споменеме дека Погба има договор со Адидас вреден 40 милиони евра за 10 години.

Јунајтед не успеа да обезбеди друга суперѕвезда, која ќе можеше да го замени Погба, па поради тоа Французинот мора да остане барем до наредното лето.