Откриено колку пари заработи Хабиб од последната борба во кариерата


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Хабиб Нурмагомедов против Џастин Гејџи успешно ја одбрани титулата во лесна категорија во УФЦ, но ја изненади јавноста со одлуката да ја заврши кариерата.

Борецот од Дагестан го совлада Американецот во втората рунда, откако соопшти дека не може да се бори повеќе без неговиот татко Абдулманап.

Хабиб со победата заработи солидна сума на пари. Рингот го напушти побогат за 3,1 милиони долари, а доби уште 100.000 евра поради тоа што е борба на вечерта. Гејџи заработи многу помалку од Хабиб, односно „само“ 630.000 долари.

УФЦ уште не може да смета на приходи од публика, но синоќешниот меч ги урна сите рекорди од „Пеј пер вју“ продажбата.