Откриено колку пари заработил Ѓоковиќ и како ги троши


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во кариерата заработи 134 милиони долари на основа на освоени награди. Неговата вредност се проценува на околу 220 милиони долари годинава.

Само во 2019 година Ѓоковиќ заработи 9,1 милион долари од натпреварувања, повеќе од било кој друг тенисер, а „Форбс“ му посвети анализа во јуни минатата година, според која неговата заработка изнесуваше 50 милиони долари.

Важен приход носи и неговата книга од 2013 година „Сервирај за победа“, а дури 40 милиони долари добива од спонзорства. Исто така продава и енергетски чоколади и бисквити, а има и ресторан во Белград.

Ѓоковиќ парите ги троши на недвижнини. Тој покрај куќата во Монте Карло, во 2017 година се поднови и со недвижнини во Њујорк. Има и три стана вредни девет милиони долари.

Автомобилите се негова голема страст, за разлика од јахтата која во 2009 година ја купи за 2,5 милиони долари, но набрзо ја продаде.