Откриено што носи Ѓоковиќ на телото (Видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ вчера обезбеди место во третото коло на Ролан Гарос, откако славеше против Мартон Фучович со 3-0 во сетови, а притоа привлече внимание со еден уред на неговото тело.

Ѓоковиќ по мечот на прес-конференција се пошегува дека се чувствува како „Ајрон мен“ поради уредот, а италијанска компанија откри дека станува збор за продукт кој е составен од акупунктура и содржи слоеви од нанокристали кои прават телесната топлина да се распределува во телото.

Овој уред служи за стимулирање на централниот нервен систем и подобрување на комуникацијата со останатите делови од телото, а истиот чини меѓу 349 и 3999 долари.

Дел од критичарите обвинија дека тоа е недозволено, но голем дел од спортистите веќе го користат и не прекршуваат никакви правила.