Откриено што си кажале Роналдо и Фернандеш во соблекувалната на Португалија (Видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Кристијано Роналдо разговараше со Пол Морган и во интервјуто го нападна раководството на Манчестер јунајтед, а потоа имаше необична средба со Бруно Фернандеш.

Фернандеш едвај го погледна неговиот тимски колега и сонародник Роналдо, па многумина смета дека тоа е поради интервјуто кое го даде за Морган.

Нивниот сонародник Жоао Марио кажа дека не станува збор за интервјуто, туку причината за таквата реакција е шега меѓу двајцата фудбалери.

„Бев во соблекувалната, а потоа ги видов и снимките. Тоа беше само шега меѓу нив. Бруно стигна меѓу последните, а Роналдо го праша дали доаѓал со брод“, вели Марио.