Откриено – Заза пеналот го препиша од соиграчот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сите се шокирани, но ваков пенал беше изведен.

Само Симоне Заза знае како му е. Влезе во 120-та минута и го изведе еден од најлошите пенали.

Шокираната Италија и понатаму не може да верува дека на ваков начин сакаше да го совлада Ноер, а во текот на ноќта се сетија дека еднаш ваков пенал видоја.

Но, тогаш беше постигнат погодок.

Се работи за соиграчот на Симоне Заза од Јувентус, Пол Погба.

Французинот во финалето на СП за млади во 2013-та година против Уругвај го направи истото што и Заза го направи, но топката заврши во мрежата.