Откриено зошто Саинц го избра Вилијамс наместо Ауди


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Карлос Саинц минатата година беше едно од најбараните имиња на пазарот на возачи откако Ферари одлучи неговото место да му го препушти на Луис Хамилтон. Мнозина тогаш беа убедени дека неговата иднина е поврзана со Ауди, но Шпанецот на крајот избра сосема поинаков пат.

Легендарниот рели возач и повеќекратен победник на Дакар постигна големи успеси токму со Ауди и наводно силно го поддржуваше проектот неговиот син да ја продолжи кариерата таму. Сепак, Карлос Саинц Јуниор на крајот одлучи поинаку.

Шпанецот потпиша повеќегодишен договор со Вилијамс и на тој начин ги изненади многумина познавачи на Формула 1.

За целата ситуација сега зборуваше Матија Биното, кој го предводи проектот на Ауди за влез во Формула 1.

“Очигледно е дека имавме многу добри односи во Ферари. Јас го доведов во Ферари, така што знаеше дека му верував тогаш, како што му верувам и денес”, рече Биното.

“Убаво беше пак да се сретнеме и да зборуваме со него. Разгледа различни опции, но како и секогаш, ги почитувам одлуките на луѓето. Ако решил да тргне по друг пат, ми е мило за него.”

Најинтересниот дел од разговорот се однесуваше токму на влијанието на неговиот татко.

“Искрено, мислам дека ја донесе својата одлука и тоа беше најважното. Дури би рекол дека ја донесе својата одлука, а не одлуката на неговиот татко и тоа е одлична работа за него”, порача Биното.