Ова би било зделка на деценијата: Халанд по цена од – 20 милиони евра!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во Салзбург демантираат, но „Билд“ кој ретко греши е упорен.

Кристијан Фројнд категорички демантираше кога се појави информацијата дека Лајпциг го обезбедил потписот на Халанд бидејќи фудбалерот имал клазула од 30 милиони евра. Од Салзбург порачаа дека таа информација не е точна. Сега откако поминаа 4-5 дена и ситуацијата се смири „Билд“ објави екскулзива. Да, Халанд нема клазула од 30 – има од 20 милиони евра!

„Билд“ е таблоид, но е најчитан во Европа и кога во прашање е трансфер пазарот ретко кога греши. Многу пати до сега овој медиум објавил ексклузиви кои се покажале како точни. Сигурно цената од 20 милиони ева не ја ставиле туку така.

Реномираниот германски медиум посебно се заинтересира за оваа тема затоа што Борусија Дортмунд има голема желба да го доведе. Меѓутоа претходно на „милионерите“ не им се даваа многу шанси затоа што се мислеше дека треба да одат да „лицитација“ со клубови кои се финансиски помоќни.

Борусија изгледа како одлична средина за развој на 19 годишниот голгетер и ако навистина Халанд има клазула од 20 милиони евра тогаш луѓето во овој клуб потребно е само да се договорат со Халанд, па ситуацијата се менува за 180 степени.

Сезонава Халанд на 20 натпревари постигна 27 голови.