Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Светското првенство во САД, Канада и Мексико влегува во самата завршница, ноќеска завршија четвртфиналните натпревари, по кои е познато дека во првото полуфинале ќе се сретнат Франција – Шпанија, а во второто Аргентина и Англија.
Кога станува збор за останатите учесници на Светското првенство, тие се распоредени од 6-то до 48-то место. Од екипите од регионот, Босна и Херцеговина врз основа на севкупниот учинок е позиционирана на 29-то место, а Хрватска на 20-то место, по елиминациите во шеснаесетфинале.
Одиме редум, од 5-то до 8-то место се пласираа екипите кои беа елиминирани во четвртфиналето – Норвешка, Белгија, Мароко и Швајцарија.
Од 9-то до 16-то место се пласираа, редум: Мексико, Колумбија, Бразил, САД, Португалија, Канада, Египет и Парагвај, а по нив следуваат (од 17-то до 32-то место):
Холандија, Германија, Брегот на Слоновата Коска, Хрватска, Јапонија, Австралија, ДР Конго, Гана, Еквадор, Јужна Африка, Шведска, Австрија, БиХ, Алжир, Сенегал и Зелено’ртски Острови.
Од 33-то до 48-то место е најслабата група екипи на Светското првенство, тоа се екипи кои беа елиминирани по првата фаза на натпреварување.
Меѓу нив се, редум Иран, Јужна Кореја, Турција, Шкотска, Уругвај, Саудиска Арабија, Чешка, Нов Зеланд, Катар, Курасао, Панама, Јордан, Хаити, Узбекистан, Тунис и Ирак.















