Ова е листата на Перез за отстрел – две засилувања во нападот и ремонт во одбраната!


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Реал Мадрид заврши уште една сезона без освоен трофеј, а сето валкано рубље излегува на површина.

За клановите и инцидентите во соблекувалната веќе сте слушнале, а сега доаѓа ред на ремонт. Најпрвин, листата за отстрел, односно играчите кои сигурно ќе заминат. Давид Алаба и Дани Карвахал остануваат без договори и нема назнаки дека ќе добијат нови, иако капитенот можеби и би можел да добие ако така реши новиот тренер (Жозе Мурињо?). Дани Себаљос одамна е на трансфер листата, го чека летото за да избере клуб, година пред истекот на договорот. Слична е ситуацијата и со Раул Асенсио, кој добил шанса во „Ел Класико“ само поради повредите на Дино Хаусен и Едер Милитао. 

Најголемиот приход Перез го очекува од Гонзало Гарсија, кого го проценува на дури 60.000.000 евра, а има понуди од различни земји. Исто така, се верува дека и Феде Валверде и Чуамени ќе останат и покрај тепачката пред „Ел Класико“, додека во случај на вистинска понуда би можел да замине Едуардо Камавинга. 

Во нападот не се очекуваат многу промени, освен клучните повратки – Ендрик од Лион и Нико Паз од Комо. Со Мбапе, Белингам, Винисиус, Браим Дијаз и Родриго кога ќе се опорави, линијата за напад е пополнета.

Но, целосен ремонт се очекува во одбраната. Големи се шансите да замине и Фран Гарсија, Ферлан Менди доживеа нова тешка повреда, додека Алваро Карерас остана во немилост во финишот на сезоната. Милитао повторно потешко се повреди, тоа му е веќе четврта тешка повреда во две и пол години, така што е големо прашање во каква форма ќе биде и кога. Ридигер му истекува договорот, досега имаше назнаки дека ќе добие нов, но го чека улога на резервист. 

Дино Хаусен не ги оправда очекувањата, па се очекува Перез да доведе барем двајца стопери. Сепак, имињата се во магла, бидејќи ги пропуштија Жеремија Жакеа, Дајоа Упамекано, Нико Шлотербек, а наскоро би можел и Ибрахима Конате да потпише нов договор со Ливерпул.