Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По натпреварот во Суперкупот во Истанбул, голманот на Ливерпул, Адријан се здоби со повреда.
Ливерпул го освои трофејот по успешниот пенал, но еден навивач кој влезе да слави со играчите случајно го погоди Адријан и шпанскиот чувар доживеа повреда.
Сега е сомнително дали Адријан ќе биде подготвен за утрешниот дуел со Саутемптон, а тој требаше да биде првата опција на голот по повредата на Алисон.
Доколку Адријан не се опорави на време, 35-годишниот Енди Лонерган, кој неодамна беше доведен, ќе мора да застане на голот, а тој ќе биде најстариот англиски играч што ќе го направи своето деби за некој клуб.
“Ние ги сакаме нашите навивачи, без сомнение, но ако можеме да престанеме со тоа. Игравме против Сити и некој истрча на теренот, со Норвич исто така. Не е смешно. Исто како и девојката во финалето на ЛШ, но таа заработи од тоа. Што можеме да сториме да го спречиме тоа? “, се прашува Клоп.
This is how Adrian got injured.
I’m fuming. pic.twitter.com/ADH03LYtwZ
— – (@AnfieldRd96) August 16, 2019