Ова е веројатно најголем клуб во кој што играв. Единствен со кој можам да го споредувам е Милан“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Златан Ибрахимовиќ рече дека е “супер среќен“ што на својот прв официјален нартпревар за англискиот клуб освои трофеј и изрази надеж дека ќе освои уште многу.

Манчестер Јунајтед го освои првиот трофеј во оваа сезона, поради тоа што на Вембли го победи шампионот на Англија Лестер со 2:1 во англискиот Комјунити Шилд, а одлучувачкиот погодок го постигна Ибрахимовиќ во 83  минута.

„Чувството е навистина убаво.. Прв официјален натпревар, игравме за трофеј и успеавме да победиме. Ова е мојот 31 трофеј. Супер среќен сум. Се надевам дека во Манчестер ќе освојам уште многу трофеи“, рече Ибрахимовиќ.

На прашањето што мисли за својот гол кој го реши прашањето на победникот. Златан го рече следното:

„Аголот беше добар но ударот не беше премногу силен, но топката влезе, што е најважно“.

„Беше тежок натпревар. Игравме против многу добар тим. Бевме исклучително цврсти. Верувам дека нешто ќе произлезе од мојот нов клуб, бидејќи новата сезона ја почнавме со освојување на трофеј“, рече Ибрахимовиќ.

Тој рече дека се чувствува „многу добро“ во Манчестер.
„Тимот е фантастичен. Имам добро соиграчи и имаме навистина добра атмосфера. Тренерот е спремен на се со цел да победуваме. Ова е веројатно најголем клуб во кој што играв. Единствен со кој можам да го споредувам е Милан“, рече Ибрахимовиќ.

https://www.youtube.com/watch?v=MKjEPqieFa8