Ова ли е „Брадата“? Ѕвездата на Хјустон се запусти! 📸


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Џејмс Харден се врати на подготовките на Хјустон Рокетс и минатата вечер настапи во мечот од претсезоната против Сан Антонио спарс (112-98).

Харден постигна 12 поени, три скокови и четири асистенции за 21 минута мината на паркетот и јасно е дека „Брадата“ е надвор од форма.

Неговата намера е да замине од Хјустон, а како негова следна дестинација се споменува Филаделфија, а новата сезона само што не почнала.

Во меѓувреме се води дискусија на социјалните мрежи поради изгледот на Харден. Може да се забележи дека качил неколку килограми и дека тој изгледал подобро за време на карантино во мај, отколку сега.