Ова можеше само да го сонува: Од спиење во автомобил дојде до финалето на Светско првенство


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Тој го постигна голот со кој ја одведе Шпанија во финале на Светското првенство, но зад успешната приказна на десниот бек на Тотенхем се крие животна приказна исполнета со жртвување, сиромаштија и неверојатна поддршка од неговото семејство.

Педро Поро беше еден од хероите на победата на Шпанија над Франција во полуфиналето на Светското првенство, а неговиот гол имаше огромна вредност бидејќи Црвената фурија доби влезница за големото финале.

Денес е стандарден репрезентативец на Шпанија и еден од најдобрите десни бекови во светот, но неговиот пат до самиот врв беше сè само не лесен.

Поро израсна во скромни услови, а уште како дете мораше да го напушти родниот Дон Бенито за да го исполни сонот за професионална фудбалска кариера.

Првите фудбалски чекори ги направи во локалниот клуб, по што продолжи да се развива во младинските категории на Рајо Ваљекано и Жирона, далеку од своето семејство.

Неговите родители правеа сè за да му овозможат да продолжи да игра фудбал, и покрај големите финансиски проблеми.

Мајката работеше во супермаркет, таткото беше електричар, додека голем дел од грижата за децата ја презедоа дедото и бабата.