Ова не е хумано: Шпанска тенисерка поради топлотен удар заврши во инвалидска количка! 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанската тенисерка Паула Бадоса поради високите температури го предаде мечот од четвртфиналето на Олимпискиот турнир во Токио против Маркет Вондуросова.

Бадоса неколку пати бараше помош од докторите, но топлината влијаеше врз неа и таа со инвалидска количка го напушти теренот.

Шпанската тенисерка треба да игра и во мешани двојки со Пабло Карено Буста, но тешко дека ќе се случи тоа.

Вондуросова претходно ја елиминираше Наоми Осака, а во полуфинале ќе игра против Елина Свитолина.