Овен даде прогноза за големото дерби меѓу Манчестер сити и Ливерпул


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиската Премиерлига ни доаѓа до самиот крај, а 32. коло ќе го одбележи пресметката меѓу Манчестер сити и Ливерпул, кои ги дели само еден бод на табелата.

Победникот во овој меч може да направи чекор напред кон титулата, иако секако нема ништо да биде готово по тој натпревар.

Дербито меѓу англиските гиганти е закажано в недела од 17.30 часот, додека еден ден претходно прогноза за натпреварот даде поранешниот англиски напаѓач Мајкл Овен.

Овен, кој во минатото го носеше дресот на Ливерпул, Манчестер јунајтед и Њукасл смета дека избраниците на Јирген Клоп ќе слават со 2-1 во дербито.