Оверем ја покажа раната по страшната повреда: Некое време нема да изгледа убаво….


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Алистер Оверем неодамна доби тешка повреда во мечот против Јиржи Розенструик.

Холандскиот ММА борец остана без делот од устата неколку секунди пред крајот на мечот, по еден удар од страна на противникот и борбата беше прекината.

Снимките на повредата предизвикаа лавина од реакции, а 12 дена по борбата Оверем ја покажа раната по операцијата. Меѓутоа, смета дека мечот е прерано прекинат.

“Тоа беше добра борба. Ги добивав рундите, но судијата пребрзо ја прекина борбата. Бев во нокдаун, но не бев во безсознание. Веднаш застанав на нозе”, истакна Оверем.

Легендарниот Оверем поради повредата сигурно нема да го гледаме во октагонот неколку месеци, но нема дилеми дека тој и понатаму ќе биде при врвот во тешка категорија.