Озил се жени, а по повод својата венчавка ќе плати операција за 1000 деца


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сезоната за заборав што се однесува до Месут Озил конешно е завршена.

Откако се прости од репрезентацијата на Германија минатото лето, тој одигра многу слаба сезона и не ја оправда платата од 350.000 фунти неделно што му ја дава Арсенал.

Сепак, после ова него го очекува венчавка. Тој утре ќе се жени со својата долгогодишна девојка Амине Гулсе, а по тој повод соопшти што ќе направи за да го прослави овој голем ден.

Озил преку социјалните мрежи соопшти дека тој и неговата девојка ќе платат потребни операции за 1000 деца ширум Европа и свеетот. Исто така, германскиот фудбалер ги повикува и остантите кои се во можност за вакво нешто да му се придружат и бројката од 1000 деца да се зголеми.

Инаку, ова ќе го оргнаизира организацијата „BigShoe“ која работи со германски и шведски доктори.

Ова е навистина убав гест од страна на Озил и неговата девојка.