Падна договор: Французин ќе го замени Влаховиќ, само е прашање на момент


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Жан-Филип Матета има договорено сите лични услови со Јувентус и чека расплет на преговорите меѓу клубовите.

Италијанските медиуми открија дека Матета ја прифатил понудата од Јувентус по која ќе заработува четири милиони евра годишно, но сега останува потешкиот дел – Кристал Палас да го ослободи Французинот уште оваа зима.

Имено, Палас сака да инкасира 35.000.000 евра и бонуси, додека Јувентус нуди опција за заем до крајот на летото со обврска за откуп од 28-30.000.000 евра, што лондонскиот клуб го одби.

Матета притиска Палас, кој нема да има избор, исто како што на крајот се согласија Марк Геи да замине во Сити за 20.000.000 фунти. Матета има договор до летото 2027 година и во јуни влегува во последната сезона, така што Палас сигурно ќе го монетизира.

Палас го плати Матета само 11.000.000 евра за трансферот во 2022 година од Мајнц, така што ова сигурно ќе биде одличен бизнис за клубот.

Матета дури стигна и до француската репрезентација, иако е на прагот на 29 години, забележа три настапи и постигна два гола.