Падна договор: Голем шпански талент потпиша за Реал Мадрид (Фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид потпишал договор со талентираниот Алберто Де Фрутос, објави „Дефенса Централ“.

Де Фрутос ќе игра во младинскиот состав на „кралевите“, каде што ќе се следи неговиот напредок и раководството се надева дека ќе стигне до првиот тим на Реал Мадрид.

„Ла Фабрика“ му помогна на Реал Мадрид да произведе голем број талентирани фудбалери од кои дел играат во тимот, а дел се продадени во други европски гиганти, па таму ќе се работи и на Де Фрутос.

Де Фрунтос доаѓа во Реал Мадрид од Атлетико Чопера Алкобендас, една од најдобрите академии во Шпанија.