Падна договор: Нејмар ќе добие 320 милиони евра за две години во Саудиска Арабија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилецот Нејмар по шест години си заминува од ПСЖ, откако постигнал двегодишна соработка со Ал Хилал и ќе добие 320 милиони евра.

Ал Хилал ги договорил личните услови со саудискиот тим, па останува уште ПСЖ да го договори трансферот, иако се шпекулира дека парижаните ќе добијат околу 100 милиони евра.

Нејмар пред неколку години стана најскапиот играч во Европа, а сега се сели во С. Арабија, каде што ќе им се приклучи на уште неколку ѕвезди.

Саудискиот тим веќе резервирал медицински прегледи за Нејмар, а „Глобо“ објави дека веќе се подготвува спектакуларна презентација на бразилскиот фудбалер.