Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот фудбалер на Барселона, Жерар Пике се раздели со атрактивната пејачка Шакира по 12-годишна љубовна врска, по што почна битката за нивните синови Милан и Саша.
Долго време Пике и Шакира не можеа да најдат решение, затоа што легендарниот дефанзивец сакаше да ги задржи во Барселона, додека пејачката планира да ги однесе во Мајами.
„Ел Периодико“ објави дека Пике попуштил пред барањата на пејачката, па Милан и Саша од почетокот на 2023 година ќе живеат заедно со Шакира во Мајами.
Претходно, Божиќ ќе го поминат во Барселона со Пике, а исто така тој ќе може да ги посети на Флорида кога ќе посака без никакви ограничувања.