Падна и потписот на Конте, сè е подготвено за вечерашниот спектакл


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Купот на Италија официјално доби зелено светло, па вечер ќе уживаме во дербито Јувентус – Милан.

Датумот за полуфиналниот реванш беше познат пред две недели, но тoa требаше да ги потврди и премиерот на Италија Џузепе Конте. Тој го стори тоа помалку од 24 часа пред почетокот на натпреварот во Торино.

„Јас штотуку потпишав нов ДПЦМ (владин декрет) што ќе им овозможи на спортските настани, натпревари, а со тоа и на Купот на Италија, да продолжат зад затворени врати и во согласност со издадените протоколи за ограничување на ширењето на инфекцијата“, рече Конте.

Првиот дуел помеѓу Јувентус и Милан на „Сан Сиро“ заврши со резултат 1:1, а Старата дама е фаворит пред овој дуел во Торино, но којзнае во каква состојба се сега и двата гиганти, односно било кои спортисти во Италија.