Падна облог меѓу Ѓоковиќ и Кирјос пред финалето на Вимблдон (Фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Контроверзниот тенисер Ник Кирјос често го напаѓаше Новак Ѓоковиќ во претходните години, но оваа година нешто се промени по депоратацијата на Србинот од Австралија.

Двајцата тенисери се во подобри односи пред финалето на Вимблдон, каде што ќе се соочат утре, а притоа имаа интересен разговор на Инстаграм, по што падна и облог.

Кирјос објави слика од разговорот меѓу нив двајца и го праша Ѓоковиќ дали се сега пријатели, по што Србинот му кажа дека ќе одат на вечера, но победникот во финалето ќе плати.

Австралиецот ја прифати понудата и тоа е дополнителна најава за интересно и возбудливо финале во кое Ѓоковиќ ќе ја брка неговата 21. гренслем-титула.