Падна потпис во Ливерпул, еден од клучните играчи на Клоп ја продолжи соработката со клубот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Играчот од одбраната на Ливерпул, Жоел Матип потпиша нов долгогодишен договор со тимот на Ливерпул.

Репрезентативецот на Камерун ќе остане во клубот  до 2024 година откако го продолжи договрот со клубот.

Матип се етаблираше како првотимец во тимот на Клоп и беше еден од клучните играчи на Ливерпул минатата сезона во освојувањето на Лигата на шампионите.

Камерунецот оваа сезона стартуваше на шест натпревари за „црвените“ и изгради одлично партнерство во одбраната со Вриџил ван Дијк.