Пандев ја нападна ФФМ: Што направивте за нашата „аматерска“ лига? Ако не се смени нешто, ќе се тргнам настрана!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот капитен Горан Пандев објави војна преку социјалните мрежи на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и најави дека ќе се тргне на страна ако клубовите не добијат поголема улога во решавањето на прашањата во федерацијата.

Пандев објави на Инстаграм порака од слика од тоа како изгледаше теренот вчера на дуелот меѓу Академија Пандев и Работнички (0-1).

„Срамно и жално… Уште еднаш докажавте дека не сте фудбалски луѓе. Луѓе што не му мислат добро на македонскиот фудбал, туку ве интересираат вашите лични интереси и затоа одлуките ви се такви. Доста се криевте зад резултатите на репрезентацијата, сигурно паметот ви е уште во огромните премии што ги поделивте. Излезете јавно и кажете што направивте за македонскиот фудбал за нашата (аматерска лига), колку им помогнавте на тимовите во овој тежок период. Подготвен сум да се тргнам на страна доколку не се променат некои работи“, вели Пандев.