Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонските фудбалери синоќа обезбедија пласман на Европското првенство (ЕП) за првпат во нашата историја.
Репрезентативците беа пречекани од владината делегација и премиерот Зоран Заев, по што дадоа изјави, а на капитенот не му се верува дека на 38 години ќе игра на ЕП.
„Јас би се надоврзал на селекторот, благодарност до сите што не пречекавте. Сонот ни се оствари, сите заедно се радуваме и да настапуваме на ова ЕП со победи. Знаеме сите дека поминавме долг пат до ова ЕП, навистина дечките го заслужија ова и уште не сме свесни што направивме. Среќни сме, во следните денови ќе се свестиме дека сме на ЕП. Уште ние фудбалерите фалевме да се пласираме на едно ЕП. Не верував дека на 38 години ќе се пласирам на едно ЕП. Добро што дојде овој коронавирусот, па ми ја продолжи кариерата уште малку. На цела Македонија ѝ се оствари сонот“, изјави Пандев.