Пандев: Треба малку да се чукнат во глава како го водат македонскиот фудбал…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец и фудбалер на Џенова, Горан Пандев се изнервира откако неговата Академија Пандев играше на голем снег против Работнички и притоа не беше одложен мечот.

Пандев испрати порака прво преку Инстаграм, каде што јасно имаше што да каже за Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), а сега и во разговор за „ТВ Канал ВИС“ го потврди неговиот став.

„Беа свесни за тоа какво време очекуваме, а испратија некои делегати кои ќе кажат дека теренот е добар, дека има услови за игра. Добро што немаше повреди, па да почнеме да плаќаме и други операции. Не сум јас ништо против претседателот на федерацијата, но мислам дека мора да се чукнат во глава и да размислат како го водат македонскиот фудбал бидејќи нашиот фудбал не може така да продолжи. Побаравме одложување на мечот со Работнички, но делегатот си има добра дневница и можеби нема да му се плати ако го откаже мечот. Ова беше срамно, пишуваа и во Италија на каков терен се играше. Среќа што немаше никакви повреди“, вели Пандев.