Пандев: Триумфот против Германија е историски, а пласманот на ЕП е нешто најубаво во мојата кариера!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Горан Пандев даде интервју за грчка „Газета“ и зборуваше за пласманот на Македонија на Европското првенство (ЕП), кое ќе се одржи летово.

Македонија се пласираше на ЕП со триумф во Тбилиси против Грузија, а решавачкиот гол го постигна Пандев.

„Не верував дека ќе ја видам селекцијата на голем турнир, но како човек верувам во судбина. Освоив многу, играв во повеќе клубови, меѓутоа и претходно кажував дека ги давам сите трофеи за настап со Македонија на ЕП. На ЕП одиме без притисок затоа што немаме што да изгубиме“, вели Пандев.

Пандев даде коментар и за победата на Македонија против Германија во Дуисбург.

„Ноќта во Дуисбург беше историска. Поминаа две недели од триумфот, а јас не верував дека може да направиме такво удо. Германија немаше пораз 20 години во квалификациите за СП, а ние успеавме да ги победиме“, кажа македонскиот капитен.

Пандев откри дека бил блиску до трансфер во Олимпијакос и ПАОК.

„Кога бев на почетокот од кариерата пред да отидам во Интер, бев блиску до Олимпијакос. Тој трансфер го расипа претседателот на мојот тогашен клуб (Беласица). ПАОК многу сакаше да ме доведе пред неколку години, сепак долго време бев во Италија и моето семејство се чувстувваше добро тука и решивме да останеме“, изјави Пандев.