Пандев за 45 минути им одржа лекција на гостите, но Џенова загуби од Аталанта 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Џенова беше поразена од Аталанта во маратонски меч со 3-4, а македонскиот фудбалер Горан Пандев постигна еден гол и една асистенција, иако влезе во натпреварот од клупата за резервни фудбалери.

Аталанта уште во првото полувреме го реши прашањето за победникот, откако постигна три гола во мрежата на Џенова, по што во вториот дел домаќините почнаа да се будат, и тоа благодарение на Пандев.

Пандев погоди од пенал за намалување на водството на Аталанта на 2-4, а потоа асистираше на еден од неговите соиграчи за 3-4, но тоа не беше доволно за бод на Џенова.

Аталанта со оваа победа и официјално обезбеди пласман во Лигата на шампиони за следната сезона.