Паника на „Итихад“: Силва решил да ги пакува куферите?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Португалскиот репрезентативец Бернардо Силва би можел наскоро да го напушти англискиот шампион Манчестер сити.

Силва веќе со години важи за еден од најдобрите играчи во тимот на Пеп Гвардиола, па неговото заминување би било проблем за „граѓаните“.

„А Бола“ пишува дека ѕвездата на премиерлигашот искажала желба да се пресели во својата татковина.

„Никогаш не го криев тоа, би сакал да се вратам во Бенфика. Ќе видиме што ќе се случи“, кажа Силва.