Паника во Валенсија: Четири навивачи кои патувале во Милано се заразени со коронавирус?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Коронавирусот се шири побрзо од што се очекуваше, а неколку случаи се потврдени и во Хрватска, а постои страв да се спушти вирусот и надоле кон остантите балкански држави.

Во Италија беа забележани и неколку лица кои го загубија животот поради епидемијата, а голема паника се крена и во Валенсија, откако се појави информација дека четири нивни навивачи се заразени при гостувањето во Италија.

Информацијата засега не е потврдена, но постојат симптоми кај четирите навивачи, кои покажуваат на можноста за зараза со коронавирус.

„Треба да разговараме со нив, да се потврди колку дена биле во Милано, кога и како се појавиле симптомите, по што ќ процениме дали да ги тестираме на коронавирус“, вели заменик директорот на оделот за здравство во Валенсија.