Папу Гомез се спука со Аталанта!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аталанта е пријатно изненадување во Италија и во Лигата на шампиони, затоа што постигна одлични резултати без да вложува премногу милиони евра.

Меѓутоа, сега се појави проблем во соблекувалната, откако Папу Гомез се јави и се спука со управата на тимот. Тој ги потврди шпекулациите на италијанските медиуми дека сака да замине.

Долго време се шпекулираше дека Гасперини имал караница со Иличиќ и Гомез, а биле и до тепачка. Новинарот Џанлука Ди Марцио објави дека односите во тимот се лоши, па сега се јави и Гомез.

Ниту Гомез не придонесе на намалување на тензијата. Денес на друштвените мрежи испрати порака која може да се протолкува како проштална.

„Драги навивачи, ви пишувам тука затоа што немам други средства да се бранам и да ви се обратам. Само сакам да ви кажам дека кога ќе заминам ќе ја дознаете вистината. Добро ме познавате. Знаете кој сум. Ве сака вашиот капитен“, напиша Гомез.