Парехо низ солзи: Останав без мојот втор дом – „Месталја“!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Легендата на Валенсија, Дани Парехо го напушта клубот во кој мина девет години, а на емотивен начин се збогуваше со фановите и од „Месталја“.

Парехо последните неколку сезони беше капитен на клубот, а на „Месталја“ стигна во 2011 година од Хетафе.

Искусниот фудбалер постигна 64 гола на 383 натпревари за шпанскиот тим.

„Овој клуб е мојот живот и сакав во него да ја завршам кариерата, но тоа не е можно. Секогаш зборував дека имам два дома во Валенсија, едниот во кој живеам и вториот е Месталја, а сега останав без еден од нив. Мојот син не може да разбере дека нема повеќе да го носам дресот на Валенсија. Се обидов да му објаснам, но залудно…“, вели Парехо.