Пари без граница, Мбапе заминува, но го менува правецот – шок за Реал Мадрид?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Манчестер сити има потреба од нов напаѓач, и тоа го кажа тренерот Пеп Гвардиола пред денешното дерби против Челси. Тој нема човек каков што е Ромелу Лукаку, но наводно богатите газди ќе се обидат да го земат Килијан Мбапе.

Се шпекулира дека во јануари Манчестер сити ќе понуди многу пари за да го купи Мбапе од ПСЖ, па така очигледно Реал Мадрид ќе остане со празни раце.

Мбапе има договор со ПСЖ до следниот јуни, а веќе одби понуда од 50 милиони евра плус бонуси за да стави потпис на нова соработка.

Манчестер сити може да ја искористи ситуацијата и да му понуди повеќе од 30 милиони евра за плата, затоа што толку нудеше Реал, а француските медиуми пишуваат дека „граѓаните“ се во предност кога станува збор за иднината на Французинот.