Парите од билетите за дуелот меѓу Македонија и Естонија ќе бидат донирани во – хуманитарни цели!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонската кошаркарска репрезентација на 13 февруари ќе ги почне подготовките за дуелите против Естонија и Русија во квалификациите за Европското првенство, кое ќе се одржи во 2021 година.

Македонија ја пречекува Естонија во СЦ „Борис Трајковски“, а билетите беа пуштени во продажба по цена од 100 денари. Но, добро е тоа што сите срества кои најпрво ќе бидат собрани, потоа ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

„Сите заедно – да испишеме нова страница“, објави кошаркарската федерација на Македонија.