Партизан славеше во дербито против Звезда пред преполниот ЈНА


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сите очи на јавноста на Балканот беа вперени кон стадионот „ЈНА“ каде беше одигран дерби натпреварот помеѓу Партизан и Црвена Звезда.

Двата клуба се сретнаа во рамките од полуфиналето од српскиот куп пред полни трибини и со одлична атмосфера создадена од двете навивачки групи.

На крајот на победа се радуваше тимот на Партизан кој славеше со минимални 1:0. Стрелец на единствениот погодок на средбата беше Бибрас Натко кој ја искористи асистенцијата на Умар Садик.