Пауло Фонсека нов тренер на Рома


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Рома денес на официјалната страница на Фејсбук потврди дека Пауло Фонсека е нов тренер на римскиот клуб. Волчицата позади себе имаше и тоа како турболентна сезона, а после се најавија големи промени во тренерскиот и играчкиот кадар.

Клаудио Раниери беше привремено решение на клупата кога отказ доби Ди Франческо, а Рома денес доби нов тренер.

Римскиот клуб на официјалната страница објави дека Пауло Фонсека е нов тренер на овој тим. Овој португалски стручњак одлучи да го напушти Шахтјор и да ја прифати понудата од Рома.

Овој 46-годишен стручњак во својата досегашна кариера освен Шахтјор ги водеше Брада, Пакос Фереира, Порто и Авес. Тој со Рома потпиша договор на две години со можност истиот да се продолжи на уште две.